Познати ѕвезди кои поседуваат остров

29 октомври 2014

Додека билионерите како што е Сер Ричард Бренсон, поседуваат три па дури и повеќе острови, повеќето познати холивудски ѕвезди своите желби ги сведоа на минимум, па одлучија ризницата на своето богатство покрај недвижностите, скапите автомобили и луксузните јахти да ја збогатат и со по еден остров.

За дел од славните личности ова е сосема нормален чекор, бидејќи таму изгубени во хоризонтот на синото небо и длабочината на океанот можат да го најдат својот мир и барем некој период да не ги чувствуваат светкавите блицови, камери и микрофони околу себе и да уживаат во своите семејни мигови. Денес специјално за сите вас кои сте љубопитни сакате да дознаете нешто повеќе за хедонистичкиот живот на познатите личности ви откриваме кои од нив поседуваат свои острови.

Бијонсе и Џеј Зи

Први на листата сосема очекувано музичката двојка Бијонсе и Џеј Зи. Всушност тие имаат два острова. Едниот се наоѓа во близина на северниот дел од Бахамите и се вика Stranger Cay, а чини вртоглави 20 милиони долари. Славната двојка е сопственик и на помалиот остров кој е дел Florida Keys островите. Овој луксуз ги чинеше 3 – 4 милиони долари.

Робин Вилијамс

Неговото ненадејно заминување ја шокираше светската јавност изминатава година, а семејството на Вилијамс побара од медиумите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период. Досега нема официјални детали за тоа дали сопругата на Вилијамс или некое од децата ќе го наследи неговиот остров Pender Harbor, кој е лоциран во Британска Колумбија, Канада.

Џони Деп

По снимањето на филмскиот серијал „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер“, Џони Деп се приклучи во редовите на познати личности кои поседуваат острови. Актерот плати 3.600.000 милиони долари во 2004 година за купување на островот на езерото Hall’s Pond Cay. Како поборник за еколошки чиста животна средина, Деп објасни дека се на островот ќе функционира со помош на соларна енергија.

Селин Дион

Додека повеќето славни сонуваат за приватен остров некаде во тропските предели, Селин Дион си купи остров во Квебек. Плаќајќи речиси 30 милиони долари за Ile Gagnon, близу реката Mille Iles River во Квебек, Дион изгради вистински замок кој е нејзината тврдина и спокој далеку од очите на јавноста.

Леонардо Ди Каприо

Бахамите се чини дека привлекоа многу ѕвезди, а Леонардо Ди Каприо својот остров од соништата го најде токму во Белизе. Актерот островот го купи во 2005 година и се нарекува Blackadore Cay. Како и Џони Деп и Лео има намера целиот свој остров да го претвори во еколошко одморалиште кое ќе работи на соларна енергија.

Томи Ли

Поседувањето на специјално дизајниран остров звучи подобро отколку купување на некое старо парче карпа. Рокерот Томи Ли си ја купи Грција, вештачки остров кој се наоѓа во Дубаи како дел од вештачкиот архипелаг острови изградени во Персискиот Залив. Проектот беше паузиран по финансиската криза во 2008 година, но сега градежните подготовки се повторно во тек.

Рики Мартин

Некои личности кои поседуваат острови сакаат тие да бидат неверојатно луксузни. Рики Мартин плаќа 8.000.000 милиони долари за неговиот остров на брегот на Рио де Жанеиро. Приватниот остров е блиску до ексклузивното одморалиште Angra dos Reis во Бразил. Пејачот одлучи да го купи раскошниот остров во 2008 година кога стана татко на близнаци.

Мел Гибсон

Мел Гибсон, кога реши да си купи остров се одлучи за Фиџи. Актерот и режисер плато 9.000.000 милиони долари за Манго кој се протега на 5400 хектари. Површината дозволува да се изгради неверојатно луксузно одморалиште  каде Гибсон обожава да доаѓа со своето многубројно семејство и претпочита да го поминува своето слободно време токму на преубавиот и егзотичен остров.

Фејт Хил и Тим Мекгро

И популарната двојка Фејт Хил и Тим Мекгро се најдоа на листата познати личности кои поседуваат острови. Тие се одлучија за островот Goat Cay, на Бахамите кој го купија во 2006 година. Пејачката на островот изгради неколку помали куќички наместо една огромна и секоја има различна намена. Па така има една за гости, една е спална соба, едната е за уживање и читање книги итн.

Еди Марфи

Островот Long Cay на Бахамите е приватниот тропски рај на актерот што сите го обожаваат, Еди Марфи. Комичарот плати 15 милиони долари во 2007 година за ова слатко задоволство. Локацијата околу Бахамите, Марфи одлично ја познавал, бидејќи и претходно бил сопственик на други острови.

Шакира

И пејачката Шакира е една од холивудските ѕвезди кои имаат свој сопствен остров. Таа плати 16 милиони долари за Bonds Cay кој исто така се наоѓа на Бахамите. Целиот ресорт е одлично уреден, а таа обожава да оди таму заедно со семејството и да ужива во убавините на живот

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Сцена