Доколку сте обожавател на социјалните мрежи и понекогаш сакате да ги разгледате профилите на познатите, веќе знаете дека тие го уживаат летото во полн ек.
Како и секогаш, низ социјалните мрежи најчесто ќе можете да видите бројни фотографии од познати модели кои сосема нормално, најмногу сакаат да се сликаат.
Грција е едно од местата каде познатите најчесто сакаат да летуваат, а случајот е ист и ова лето.
Неодамна на прекрасниот грчки остров Миконос судбоносното „да“ го изговори манекенката Ана Беатриз Барос, а на свадбата беа поканети некои од најпознатите манекенки на денешницата.
Обземени од неверојатната убавина на островот, речиси секоја од нив го продолжи одморот и остана да ужива во убавините што местото несомнено ги нуди.
Манекенката Лили Олдриџ го посети островот Хидра во Грција каде заедно со дизајнерот Мајкл Корс снимија реклама за новиот парфем на брендот, но останаа уште неколку дена да уживаат во прекрасното време.
Викторија Бекам и Парис Хилтон се само уште некои од познатите дами кои сакаат да уживаат во убавините на Грција, но има и такви кои летово се одлучија да ги посетат Барселона, Ибица, Кан и бројни други европски дестинации.
Ријана, Емили Ратајковски, семејството Обама, Бијонсе, Соланж Ноулс и многу други сепак одбраа некои поегзотични места за едно од нивните бројни летувања.
Погледнете ги фотографиите и дознајте каде тие уживаат.