•
7 декември 2022
Двете познати пријателки Викторија Бекам и Ева Лонгорија, кога се појавуват заедно во јавноста често ги освојуваат симпатиите, не само поради нивното долгогодишно искрено пријателство, туку и од моден аспект, често синхорнизирани во своите стајлинзи.
Така и во една недамнешна објава на Викторија Бекам на Инстаграм, двете познати дами собраа илјадници позитивни коментари што се однесуваа на нивните модно усогласени празнични комбинации во црно-бела естетика.
Ева носеше елегантен макси црн фустан со асиметричен исечок околу вратот, додека Викторија одбра смел изглед во двослојна црно-бела комбинација со длабоко деколте и отворен, гол грб.
Ефективни празнични аутфити кои прикажуваат празничен дух дури и без светки.
View this post on Instagram