Познатата актерка Мила Јовович пред неполни две недели го прослави 44 роденден, а на оваа возраст е бремена по трет пат.
На социјалните мрежи објави фотографии кои ќе ве разнежнат. Со нејзините следбеници кон почетокот на декември објави дека до раѓањето на нејзиното трето дете, кое ќе биде женско, ја делат девет недели.
Искрено проговори за тоа дека третата бременост ѝ е речиси идентична со претходните, но и дека без разлика што го поминала овој процес и претходно, сè уште е крајно внимателна и параноична, па избегнува сè што може да ја доведе до потенцијална опасност, па дури и вежбањето.
Но, освен ова, во текот на празничниот период, Јовович сподели уште семејни фотографии од кои зрачи топлина, радост и среќа - чувства кои би требало да го исполнат сечиј дом.
Во продолжение погледнете го празничниот албум на актерката, која со својата непосредност и природност ги освои симпатиите на многумина и на големото платно, но преку социјалните мрежи со можноста да се ѕирне во нејзината приватност и надвор од него.