За да го прослават лансирањето на новата едиција на фамозниот Пирели календар за 2015 година, вчеравечер модерниот уметнички центар Хангар Бикока лоциран во едно од предградијата на модната метропола Милано, пулсираше во ритамот на ѕвездите. Меѓу гостите беа главните менаџери на познати европски и светски корпорации, преубавите модели кои позираат на страниците на календарот и останати личности од јавниот живот.
Пирели календарот за наредната година како и досегашните изданија, не може секој да го купи. Одговорните пуштија во продажба само неколку едиции, кои не можете да ги купите во продавница.
Станува збор за едно од најексклузивните изданија - календар кој секоја година можат да го имаат само одредена таргет група на личности. Прв пат Пирели календарот е лансиран во 1964 година и тогаш можеа да го набават само одредени ВИП личности, а на неговите страни секогаш позираат секси, заводливи и популарни модели.
Улогата на г-ца ноември и беше доделена на Џиџи Хадид, која позира во ПВЦ корсет во сјајна црна боја. Моделот на својот Твитер профил напиша дека личи на Wonder Woman. Хадид, се појави и на забавата која вчеравечер се одржа во Милано во коктел фустан со гол грб, на пастелно сина основа попрскана со сребрено – златни нитни и извезена со цветови во разновидни бои.
Бразилската убавица, Изабели Фонтана која заведуваше на страниците на календарот облечена како секси ранчерка минатата година и овој пат на фотографијата покажа дека Џо Кокер има право. За да освоите еден маж ви треба само шапка и високи потпетици.
Во Пирели армијата на модели се најде и Џоан Смалс која специјално за месец октомври позира топлес во боксерски ринг, облечена во црвен ПВЦ комплет.
Адријана Лима, Саша Лус, Наталија Водјанова, Ана Еверс, Каролин Марфи, Ракел Цимерман,Камерун Расел, Карен Елсон и Кендис Сванпул го комплетираа фотографскиот мозаик, кој го сликаше Стивен Мејсел. Шминката и беше доверена на Пет Мекграт, а изгледите беа стилизирани од страна на поранешната уредничка на Vogue, Карин Ројтфелд.
„Стивен одбра навистина прекрасни жени и ја овековечи нивната убавина. Лично јас од секогаш сакам силни манекенки кои се фотогенични, знаат како да позираат и како да се однесуваат на вакви сетови. Тоа е она што ми се допаѓа. Колку се попрофесионални, толку и мене, а и на целиот тим им е полесна работата во наредните етапи од работењето. Убавината може да се сретне на различни места, во различни форми и идеи“, изјави Ројтфелд, за dailymail.co.uk.
Во продолжени на фотографиите погледнете ги гостите кои беа дел од забавата, како и дел од официјалните фотографии кои се наоѓаат во календарот, но и кадри „уловени“ зад сцената: