Пријанка Чопра и Ник Џонас се верија по два месеци врска

27 јули 2018

Познатата актерка Пријанка Чопра (36) и пејачот Ник Џонас (25) се верија по само два месеци врска. Пријателите на двојката информираат дека пејачот ја побарал актерката со прекрасен Тифани прстен на нејзиниот роденден во Лондон минатата недела.

„Многу се среќни“, изјавиле нивните пријатели за магазинот People, а портпаролот на двојката одбил да ги коментира вестите за свршувачката.

Шпекулациите за нивната свршувачка дополнително ги разгоре режисерот на нејзиниот нов филм „Bharat“ кој изјави дека актерката одненадеж се откажала од улогата.

„Пријанка не е повеќе дел од нашиот проект поради многу специјална причина, а ние сме мнгу среќни за неа и ја почитуваме одлуката“, напиша режисерот Али Абас Зафар на Твитер.

Неодамна, актерката и пејачот беа на заедничко патување во Индија, каде таа го запознала со нејзината мајка Маду и роднините.                                                                                                

 

Објавено:
27 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
374 пати