Прогнозираме: Што ќе носи Кејт Бланшет на Oскарите?

3 февруари 2023

 По сите изгледи и предвидувања, холивудската актерка Kејт Бланшет има големи шанси годинава да се закити со Oскар. Нејзината неверојатна изведба во психолошката драма TÁR, веќе ѝ донесе Златен Глобус, а со тоа најави дека е добар кандидат за најпрестижната награда во кинематографијата.

Имено, ликот што го игра е фиктивна диригентка Лидија Тар, чија што кариера е портретирана од врвот кон дното.

Во филмот кој што исто така има номинација за Oскар се проткајуваат теми поврзани со деловна саботажа, љубовни измами и нарушени фамилијарни односи.

Но, Кејт не е генијална само во актерските води, туку има и одличен вкус за мода. Низ годините сме ја гледале во прекрасни изданија, а кога станува збор за дизајнери, најмногу се потпира на Армани.

Издвоивме неколку незаборавни изданија во кои што Кејт досега воодушевила на црвениот тепих и врз основа на тоа прогнозираме што би можела да носи на претстојните оскари.

Дона Каран

Живанши

Армани 

Армани

Галиано

Армани

Меквин

Армани

Живанши

Скиапарели

Ова се нашите прогнози од актуелните колекции од високата мода:

Армани

Валентино

Скиапарели

Што мислите вие?

Фото: Vogue-Getty

Објавено:
3 февруари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
280 пати
Тагови: 
Кејт Бланшет