Откако целата јавност се разбранува по информацијата дека бисерниот фустан вреден 150.000 долари со потпис на Келвин Клајн, што актерката Лупита Нјонго го носеше на годинешното издание на Оскарите е украден, се појави најновата информација дека фустанот е пронајден.
Вредната креација била вратена во хотелот Лондон во вчера попладне. Крадецот се јавил во хотелот да каже дека го оставил фустанот во хотелската соба на вториот кат. Најдобриот дел од приказната е дека земал само два бисера од фустанот и се обидел да ги продаде во една продавница за облека и накит во Лос Анџелес, но оттаму му кажале дека бисерите се лажни, по што тој се откажал и го вратил.
Инаку, на фустанот се извезени 6,000 бисери, а дд сајтот AmericanPearl.com, што се занимава со онлајн продажба на луксузен накит, пресметале дека вредноста на бисерите изнесува околу еден милион долари, ако се продадат на големо, или на аукција околу 10 милиони долари. Но, со оглед на тоа дека се работи за бисери нема сомнение дека вредноста може да биде и поголема.
Но, изгледа немаат сите исто „око“ за бисери.