Првата дама танцува на Uptown Funk!

16 март 2015

Првата дама на САД Мишел Обама беше гостинка во шоуто на секогаш забавната Елен Деџенерис каде по којзнае кој пат ги покажа нејзините танцувачки способности, но и уште еднаш докажа зошто е омилена меѓу народот.

Покрај одличниот танц на огромниот хит на Бруно Марс и Марк Ронсон - Uptown Funk, во интервјуто таа откри и некои мали тајни за нејзиниот сопруг Барак Обама со кого е во брак 22 години.

На прашањето на Елен што и пречи кај претседателот, таа шармантно одговара дека воопшто не се оптоварува со мали и неважни работи.

„Веќе воопшто и не ги забелжувам моментите како оној кога ќе ги заборави чорапите на подот или пак кога ќе ни раскаже некоја случка по 100 пати и кога очекува сите да се смееме, а веќе знаеме за што се работи“, на шега раскажува Мишел во шоуто.

Она на што таа особено се задржа при разговорот со Елен, е фактот дека наскоро завршува мандатот на американскиот претседател, па тие ќе мора да се отселат од Белата куќа и да живеат како обични луѓе.

„Тоа на што најмногу се радувам е слободното отворање прозорци. Знаете, јас тука не можам да го сторам тоа. Сакам да седнам во мојот автомобил и едноставно да се возам низ улиците, додека прозорецот ми е широко отворен и ми дува ветер во косата“, вели првата дама на САД.

Таа додаде и дека вкупно седум години не успеала да го направи тоа, нешто на што претходно особено се радувала.

Прекрасната Мишел која изгледаше супер шик во широки бели панталони со висок струк и црно кусо палто, во интервјуто говори и за тоа колку е горда на нејзините ќерки кои одлично успеале да се справат со нивната улога во Белата куќа.

„Многу сум горда на нив што успеаја со голема грациозност и спокој да го поминат заедно со нас ова патување“, вели Мишел.

За време на гостувањето во емисијата, таа ја презентираше и нејзината нова иницијатива Gimme Five, која е дел од Let’s Move кампањата која ги предизвикува луѓето низ САД да водат здрав живот.

Во емисијата, таа заедно со Елен играше на огромниот хит на Бруно Марс и Марк Ронсон Uptown Funk заедно со танчарите од емисијата So You think you can Dance. Погледнете!

Објавено:
16 март 2015
Категорија: 
Сцена