Првите фотографии од бебето на Меган и Хари

8 мај 2019

Војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари за прв пат му го покажаа нивното бебе на светот по само два дена од неговото раѓање, но се уште не го соопштија неговото име.

Фотографиите беа направени во нивниот дом во замокот Виндсор, откако војвотката се вратила од болницата во Лондон каде го роди нивниот син во понеделникот.

Бебенцето беше во рацете на неговиот татко, принцот Хари кој изгледаше посреќен од кога и да е. На фотографирањето, Меган се појави во бело фустанче со копчиња и изгледаше навистина прекрасно.

„Сите велат дека бебињата се менуваат навистина многу во првите две недели од нивниот живот, а ние гледаме ништо да не пропуштиме. Да се биде родител е навистина прекрасно. Иако го имаме само два дена, можам да кажам дека нашиот син е неизмерна радост“, изјави Хари на фотографирањето.

Меган им се заблагодари на сите за искрените желби и додаде дека истите многу им значат.

Домот на Меган и Хари

Долгоочекуваното кралско бебе се роди во понеделникот со мало задоцнување во приватна болница во Лондон, иако желба на двојката беше тоа да се роди во нивниот дом.

Болницата во која се породила Меган

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.128 пати