Раниjа aл Абдулах е синоним за беспрекорна елеганција

4 февруари 2014

Со сегашниот сопруг се има запознаено на вечерна забава во 1993 година кога тој сеуште бил принц. Два месеци подоцна се верија и на 10 јуни 1993 година стапија во брак. За разлика од европските кралски семејства, по смртта на кралот Хусеин и доаѓање на Абдулах на престолот, тој на 22 март 1999 година и испраќа писмо со кое официјално ја прогласува за кралица.

Кралицата Ранија е позната како поборник за поголеми права на жените во Јордан, а нејзините активности се насочени кон заштита на националните интереси, заштита на децата од насилство, програми за развој на децата и вметнување на инфомациската технологија во образовниот систем.

Во 2005 година беше прогласена за трета најубава жена на светот според магазинот Hаrpers & Queen. Има гостувано во голем број емисии, меѓу кои и на шоуто на Опра Винфри, каде го истакна својот став околу погрешното поимање за жените во исламскиот свет. Исто така, магазинот Vanity Fair ја вбројува во групата на десет најубави први дами, односно дека го зазема второто место по беспрекорната Грејс Кели.

Иако е мајка на четири деца, изгледа феноменално во секој поглед.  Како кралица а и жена во исламскиот свет знае да направи добар баланс помеѓу беспрекорниот, а сепак женствен и впечатлив изглед, кој ни најмалку не е вулгарен. Секогаш средена од глава до пети, кралицата може да се забележи во формални, но и елегантни комбинации во зависност од пригодата и настанот на кој присуствува.  Негуваниот изглед и изградениот стил се доволна причина кралицата да има голем број фанови насекаде во светот и да биде дел од модните магазини. Кралицата Ранија е синоним за беспрекорна елеганција и микс на традиционални вредности со делумна софистицирана нота, која допринесува за градење на уникатен знак на препознатливост.

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Сцена