Расел Бренд-реинкарнација на Че Гевара, Казанова и Бафало Бил

22 февруари 2014

Расел Бренд Едвард е роден на четврти јуни 1975 година. Тој е англиски комичар, актер, радио водител, презентер и автор.Станува збор за личност која можеме да ја окарактеризиме како мултиталентиран уметник со специфичен настап и неверојатни модни трансформации.

Во 2004 година се стекнал со слава на озогласен гостин во шоуто на „Големиот Брат“. Во 2007 година ја доби својата прва поголема улога во филмот „Санкт Тринијан“, во 2008 година филмската публика ја освои со главната улога во филмот „Заборавајќи ја Сара Маршал“, а во 2011 година ја игра насловната улога за филмот „Артур“. Тој исто така го позајмува својот глас во мега популарниот анимиран филм за деца „Подмолниот јас“, во 2010 година, па во цртаниот филм од 2011 година „Хоп“ и во второто продолжение на „Подмолниот јас“ од 2013 година. Телевизиската куќа ББС го отпушта од работа поради непристојните повици упатени до актерот Ендрју Сакс, говорејќи му дека спие со неговата внука. Невиден дебакл, кој за Бренд претставува само едно „грозно недоразбирање“.

Расел своите „недостатоци, користењето на опојни средства, алкохолизмот, недоличното и промискуитетно однесување го вметнува во своите сценарија за стенд-ап настапите. Со шеги на своја сметка трагичните моменти кои ги доживува и со кои се соочува прави да изгледаат комични.

Своето театарско деби го имал на 15 годишна возраст, во училишна претстава, тој можеби е еден од најозлогласените женкари, но за него тоа е љубов и вистина. Го преминал целиот свет носејќи го со себе уникатниот стил на презентација, револуционерниот сценски настап и необичниот начин на кој што ги обожава жените. Неговата личност е спој од две историски најпознати личности, Че Гевара и Казанова.

Неговата биографија„ My Booky Wook“ е една од најпродаваната книга, која изобилува со смешни и восхитувачки искрени фрази, теми и случки. Се што не сте очекувале да прочитате и видите, оваа книга ќе ви го понуди токму тоа, невозможното.

Што се однесува до неговите модни трансформации тој секогаш вели дека сака да изгледа како Бафало Бил, и најчесто можеме да го видиме во креации на Хуго Бос. Комбинациите на спортска елеганција со класични рок модни детали се секогаш дел од неговите јавни појавувања, заедно со фризурата која секогаш му изгледа неуредно. Негов фетиш е и шминката, па мошне често можеме да го видиме и со црн креон. Марамите, шеширите, накитот и елеците се негов заштитен знак. Многумина велат дека со својот изглед потсетува на актерот Џони Деп кој негува сличен моден израз, но Расел тоа го негира. Тој за себе смета дека е уникатен и како појава, но и како личност. Особено интересен моден елемент кој тој го практикува е носењето на повеќе ремени околу половината. Ги обожава темните бои и настојува секогаш да биде уникатен во модните склопови. Урбан, модерен, шармер и каубојски бунтовник во рокерски фазон.

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Сцена