Токму поради епитетот за најмоќен модел на денешницата Жизел Бундшен го ужива луксузот да избира за кои насловни страни ќе се појави. Сепак модната насловна која веројатно никогаш нема да ја одбие е онаа на престижното списание Вог, чиј ковер во неколку меѓународни изданија го красеше точно 122 пати. Зад себе на листата моделки кои рекорден број на пати застанале на насловна на Вог ја остави и легендарната Кејт Мос со 100 насловни за ова модно списание.
Бразилската убавица позираше за јунското издание на италијански Вог. Одличната насловна како и пропратниот едиторијал со својот објектив го овековечи Стефан Мејсел. Генијалниот фотограф во соработка со Health and Beauty креираше сатирична приказна во која го исмејува животот на разгалени богати девојки, кои „не можат“ да живеат без козметички третмани.