После 31 година на чело на нејзината модна куќа, Дона Каран одлучи да се повлече од функцијата. Таа од самиот старт беше одличен амбасадор на она што го презентра. Дона Каран е поим за стилска деловна жена, а во модниот свет е позната како дизајнер кој успева со креациите на многумина да им ги реши модните проблеми. Според многумина, на оваа дизајнерка ѝ успеа модата од Вол Стрит или Белата куќа да ги пренесе на црвениот килим.
Токму затоа, голем број познати личности се пронајдоа во нејзината работа и токму нејзините креации беа нивен прв избор. Од Хилари Клинтон, па сè до Кендал Џенер, жените ширум светот носат парчиња од овој бренд.
Во чест на долгата и успешна кариера на Дона Каран, во продолжение претставуваме една голема галерија со познати личности облечени во парче со потпис на оваа дизајнерка.