Ретроспектива на најдобрите модни ревии на Марк Џејкобс за Луј Витон

4 октомври 2013

Марк Џејкобс Марк Џејкобс

 

Еклектичен, со огромна моќ на трансформација, уникатен, на моменти без инспирација, за да во следниот миг завладее на пистата со својата генијалност, без коментар еден од најдобрите талентирани дизајнери на денешницата. Марк Џејкобс го напушти Луј Витон после 16 години соработка. Ќе ни недостасуваат неговите килтови и необични креации на фустани и тоалети, интересните сценографии кои секоја негова ревија правеа да биде посебна и единствена, неговите уметнички модни инсталации кои целата модна елита со нетрпение ги очекуваше, кои го одземаа здивот, создаваа трендови и пишуваа поглавја во модната историја.

 

Марк Џејкобс Марк Џејкобс

 

Своето последно збогум со модниот конгломерат на Луј Витон го круниса со последната колекција чиј основни одлики беа темните нијанси и неверојатната сексапилност, изработена во негов стил. Во исчекување на неговиот нареден ангажман ви приготвивме една кратка ретроспектива на најдобрите модни ревии од овој дизајнер за кои веруваме дека во иднина ќе продолжи да ткае нови модни приказни.

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Сцена