Ријана беше ѕвезда на вечерта на доделувањето на првото издание на iHeartRadio наградите во Лос Анџелес.
Како што и се очекуваше, пејачката на манифестацијата пристигна во сосема транспарентен црн Живанши фустан од тантела со впечатлива фризура и уште повпечатлива шминка со акцент на зелениот кармин.
Она што беше особено впечатливо беше нејзината фризура за која се чини дека пејачката ја позајмила од ликот Crazy Eyes од американската серија Orange is the new black.
Ријана дома си замина со освоена награда за најдобра хип – хоп и Р’н’Б песна. Покрај оваа, Ријана доби и уште неколку награди вклучувајќи ја и онаа за Артист на годината.
На доделувањето на наградите особено внимание привлече и прекрасната Џенифер Лопез која се појави во кус бел фустан од колекцијата на Зухаир Мурад. Таа заедно со Ријана крадеше воздишки од присутните додека тие правеа заеднички фотографии споредувајќи ги облините што и двете дефинитивно ги поседуваат.
Покрај Ријана, вечерта награди освоија и британската сензација Лорд која дома ја однесе наградата за најдобар нов артист, потоа Мајли Сајрус за најдобар текст за Wrecking Ball, награда за иновација Фарел Вилијамс и награда за нов влијателен музичар Ариана Гранде.