Дејвид Бекам неодамна го прослави 42-от роденден. Но, она за што повеќе се зборува е роденденскиот подарок што го доби, односно порака што ја сподели на својот Инстаграм профил.
Имено, поранешниот фудбалер и модел, за свој најголем успех го смета семејството и тоа јавно го покажа. Роденденот го прослави со скромна забава со најблиските, што за него е идеален начин.
„Многу љубов за тато денеска“, напиша Бекам под фотографијата со своите деца.
Викторија пак, јавното честитање на роденденот го направи со парче чоколадна торта и свеќичка за славеникот, потенцирајќи дека малите работи во животот се најважни и не прават најсреќни.
Всушност, истото го мисли и Бекам, кој пред неколку месеци објави уште една семејна фотографија, под која напиша:
„Среќен ден на мајките на уште една неверојатна мајка... Некој што ги одгледал овие убави деца, да бидат најскапоцени, посебни и сакани деца на светот... Жена која има енергија, страст, интелигенција и љубов за своите деца, може ли да биде подобра од тоа?? Ти благодарам што ми го даде најубавиот подарок“, напиша фудбалерот.
Воедно, ова е најубавиот подарок и за роденденот и засекогаш.
Можеби на многумина ова им звучи како клише, но сепак убаво е да се слушне дека ваквите нешта се сè уште битни и големи.