Розовиот тепих на MTV VMA наградите во знакот на смелите комбинации

13 септември 2023

Годинешните, 40 по ред MTV VMA награди и покрај штрајкот во Холивуд блеснаа во вистински сјај, онака како и што се очекува од овој настан.

 Музичките ѕвезди во впечатливи креации зачекорија на црвениот тепих којшто овојпат се претвори во розов.

Уште откако за прв пат започнаа MTV наградите станаа познати по ултра креативните, смели креации, зад кои што се крева голема прашина.

Домаќинка на 40-то издание беше Ники Минаж која се појави во стајлинг на Долче и Габана, како невеста во розов проѕирен фустан.

Селена Гомез изгледаше прекрасно во црвена креација на Оскар де ла Рента ставајќи ги нејзините бујни облини во преден план.

Шакира, која дојде заедно со своите синови носеше златна тоалета со потпис на Версаче, а оваа модна куќа застана и зад Тејлор Свифт која што заблеска во црн фустан со ризично висок шлиц.

Токму Тејлор Свифт доминираше на сцената со вкупно осум номинации, од кои за четири зеде награди.

Свои настапи пред публиката во Њу Џерси имаа Оливија Родриго, Шон Диди Комбс, Лил Вејн, Деми Ловато, Манескин, Шакира и други.

Она што е интересно е фактот дека многу од музичарите ги носеа најновите модни парчиња што беа прикажани на Њујоршката модна недела која сè уште трае.

Фото:Getty

Објавено:
13 септември 2023
Категорија: 
Сцена