Сара Џесика Паркер блесна во црвен балски фустан во Њујорк

28 септември 2018

Актерката и дизајнерка Сара Џесика Паркер важи за една од најголемите модни познавачи, барем кога се модните комбинации во прашање. 

Честопати во модните магазини се наоѓа на листата на најдобро облечени личности. Товарот и наследството од „Сексот и градот“ во модна смисла, сосема го оправда.

Овој пат вниманието го сврте благодарение на уште една впечатлива комбинација. Заедно со сопругот Метју Бродерик беа дел од гостите на есенското модно шоу во Њујоршкиот балет (New York Ballet Fashion Gala).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dazzler Freeth (@dazzlerfreeth) onSep 27, 2018 at 9:19pm PDT

 Сара се појави во црвен балски фустан од брендот „Gilles Couture“. Ракавите и грбот се со црн тул, додека здолништето е волуменозно и во предниот дел малку пократко.

Црвените чевли се од нејзината колекција, а обетките дискретни.

Изборот на нејзиниот сопруг е свечено црно одело, со сатенски ревери и пеперутка-вратоврска.

Како вам ви се допаѓа ова свечено издание на Сара Џесика Паркер?

Објавено:
28 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
869 пати
Извор: 
Popsugar