Сара Џесика Паркер во впечатливо издание на Бродвеј

10 октомври 2014

Сцена од претставата Сцена од претставата

Во Њујорк вчеравечер на Бродвеј, неодоливата Сара Џесика Паркер успеа со својот изглед да го привлече целото внимание на медиумите и присутната публика, иако ова требаше да биде вечер на нејзиниот сопруг Метју Бродерик. 49-годишната актерка на премиерата на театарската претстава насловена It's Only A Night се појави во бел коктел фустан од тантела.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Ѕвездата од популарната серија „Сексот и градот“, беше во својство на поддршка на нејзиниот сопруг инаку актер Метју Бродерик кој ја игра главната улога во театарската претстава.

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Под креацијата шармантно ѕиркаше маслинесто зелениот градник кој суптилно го нагласи сексапилот на целиот изглед. Инаку белиот фустан е изработен од рачно везена тантела, на долги ракави, со бел ремен кој треба да ја нагласи половината и силуетата на актерката. Во поглед на фризурата актерката која е мајка на три деца реши да ги „смири“ нејзните природни кадрици, па косата ја исправи и ја врза во коњско опавче. Шминката е исто така минимална и во знакот на едноставноста.

Ана Винтур Ана Винтур

Во претставата покрај Бродерик, играат и актерите Меган Мулали, Стокард Чанинг и Руперт Гринт, а режисер на претставата е Џек О’Брајан.

Скот Витман, Сара Џесика Паркер и Марк Шејман Скот Витман, Сара Џесика Паркер и Марк Шејман

Меѓу гостите кои дојдоа на гламурозната ноќ беа модната уредничка на американски Vogue, Ана Винтур, Закари Кинто, Скот Витман и други.

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Сцена