Ако му веруваме на магазинот People, познатиот актер Џони Деп стапи во брак со неговата партнерка Амбер Херд.
Според нивното пишување, церемонијата вила интимна и се одржала изминатиов вторник во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес. Но, двојката подготвува уште една прослава, која треба да се случи овој викенд, а ќе бидат повикани 50-тина гости.
Втората свадбена церемонија ќе се одржи на Бахамите на приватен остров, кој Деп го купил по снимањето на филмот „Пиратите од Карибите“. Со оглед на тоа дека на островот нема хотели и други услови за сместување, гостите ќе спијат на јахти, а една од нив е повторно сопственост на актерот.
Во странските медиуми се појавија и гласини дека Амбер на оваа манифестација ќе носи венчален фустан дизајниран од Стела Мекартни, но оваа информација не е потврдена. Нови информации во врска со свадбата на Џони и Амбер се очекуваат викендов.