Акерката Кортни Кокс, која повеќето ја запознаа благодарение на серијата „Пријатели“ вчера објави фотографија на својот Инстаграм профил, која успеа да собере преку дваипол милиони лајкови.
Се работи за селфи со Метју Пери, односно Чендлер.
„Погодете со кого ручав дене... ЗНАМ! Можам ли да бидам посреќна?“ напиша актерката.
View this post on InstagramGuess who I had lunch with today....I KNOW!! Could I BE any happier? #realfriends
Под фотографијата се надоврзаа со коментари и Лиса Кадроу и Џенифер Анистон.
„Метии! Ве сакам дечки“, напиша Анистон која од неодамна има инстаграм и која токму со фотографија од „Пријателите“ го сруши интеренетот но и Гинисовиот рекорд за најлајкувана фотографија.
Според ова, јасно е дека екипата на „Пријатели“ и години подоцна има армија обожаватели кои би биле пресреќни макар само уште еднаш да ги гледаат на малите екрани во добропознатото кафуле.