Селена Гомез како Фрида Кало во новиот спот

21 јануари 2021

Пејачката Селена Гомез неодамна ја промовираше новата песна „De Una Vez“ , за која секако пласираше и видео-приказна.

Со ова таа најавува ново поглавје во кариерата, но она што е во фокусот последниве денови е фустанот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

 

Се работи за креација од брендот „Родарте“, со нагласени ракави и цветен принт.

Од тимот на пејачката, а и модната куќа велат дека целта била да се создаде фустан кој ќе биде јасна асоцијација на Фрида Кало, односно Мексико и корените со кои се гордее.

Во тој контекст е и срцето кое го носи во предниот дел од срцето, што е само уште една од многуте референци на мексиканската култура.

„Срцето е дизајнирано како асоцијација на она што во Мексико го викаат „милагро“ (чудо) и е метафора за исцелувањето кое ја следи приказната“, велат од „Родарте“.

Но, од друга страна, сака да ѝ даде фокус и на природата:

„Ми се допаѓа улогата која природата ја има во видеото, како го претставува зацелувањето и растењето. Сите имаме болка и лузни од различни искуства кои сме ги минале низ животот, но се работи за тоа како самите се лекуваме, исцелуваме. Не само во контекст на тоа дека го оставаме минатото зад нас и простувањето, туку и во контекст на силата, продолжувањето напред, започнувањето ново поглавје", вели пејачката.

 

Објавено:
21 јануари 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.113 пати
Тагови: 
Селена Гомез