Селин Дион фантастична во креација на Оскар де ла Рента

11 март 2020

Канадската пејачка Селин Дион како да го живее својот втор живот. Освен по концертите кои ги одржува низ Америка периодов, таа е сеприсутна во модните магазини поради одличните комбинации.

Последна таква што ја смести на листата најдобро облечени е од модната куќа Оскар де ла Рента.

@madamefinstagram;

Имено, таа носи волуменозно, асиметрично здолниште со цветен принт во комбинација со бел џемпер со ролка на кој има цветна апликација. Белите високи чизми се совршен избор за обувки во конкретниов случај. 

Да бидеме искрени, повеќе ни се допаѓа и од оригиналната комбинација претставена на писта.

@theempireofthestyle

Со лелеаво пуштена коса и букет рози во рацете, Селин е вистинска пролетна кралица.

Погледнете:

@celinedionupdate

@footwearnews

@stylesilvousplait

 

@celinedion_fan_off

 

Објавено:
11 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.043 пати