Поранешниот претседател на САД, Барак Обама деновиве летува во Франција заедно со неговата прекрасна сопруга Мишел и двете ќерки Саша и Малија.
Познатото семејство ја чекаше нивната ќерка Малија да матурира, за да можат сите заедно да уживаат во убавините на Франција.
Токму таму, на ручек во познат луксузен ресторан каде резервација по човек изнесува околу 100 – тина евра, тие му го честитаа Денот на татковците на Барак, а претходно сите заедно беа на тура во познатата Palais des Papes.
За време на одморот, можевме да ги видиме нивните ќерки во стилски стајлинзи на прошетка низ познатите француски пазари во друштво на нивните пријателки со кои ќе уживаат во еднонеделниот одмор.
Според американските медиуми, тие се сместени во луксузен хотел каде за една недела се плаќа неверојатни 62.000 долари.
Нивното богатство не престана да расте и по завршувањето на мандатот на Барак, благодарение на неверојатниот успех на книгата на Мишел и бројните предавања на Обама, но и договорот со Нетфликс за неколку филмови и фокументарец.
Очекувано, нивното доаѓање во Франција предизвика огромно внимание, па каде и да се движеа, постојано имаше толпа народ и бројни папараци.
До крајот на нивниот престој се очекува тие да посетат некои од најпознатите француски знаменитости, а засега се сместени во прекрасната палата La Mas des Poiriers во Прованса.