Прекрасната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, викендов го прослави својот 11 – ти роденден со прошетка во Дизниленд со пријателите, а потоа и посета на еден музеј во Калифорнија.
foto_mega_1.jpg
За својот роденден таа посакала да бидат присутни нејзините пријатели од Камбоџа кои ги запознала кога била во посета на земјата со нејзината мајка.
movi_inc_splash_news_1.jpg
Како и секогаш, така и овој пат, ќерката на Анџелина и Бред се појави облечена во машки парчиња во кои е вљубена уште од три годишна возраст.
us_weekly.jpg
Уште тогаш, нејзините родители ќе кажат дека таа посакала да и се обраќаат со името Џон кога некој ќе ја повика, на што и двајцата се согласиле.
zimbio.jpg
„Шајло сака машка облека, сака да се облекува како момче и сака да биде момче. Побара од нас да и ја скратиме и косата, на што ние се согласивме. Едноставно, таа сака да е една од браќата“, изјави нејзината мајка во едно интервју за Венити Фер во 2014 година.
eric_charbonneau_getty_images.jpg
Пријатели блиски на двојката тогаш изјавија дека малата Шајло сака да го копира стилот на Бред Пит и дека секогаш кога одат во шопинг, оди директно во делот за момчиња.
dean_jules_fameflynet.jpg
Бројни експерти ќе кажат дека токму Анџелина Џоли е онаа која првично и ја наметнала оваа идеја на Шајло и дека тоа можело да се спречи доколку не ја охрабрувала постојано.
foto_mega.jpg
„Малите девојчиња не знаат како да се однесуваат како дами. Ним им требаат совети, им треба некој да ги води, да им ја покаже разликата помеѓу момчињата и девојчињата“, изјави Ема Џенер, специјалист за деца и нивното однесување.
gilbert_flores_broadimage.jpg
Таа додава и дека ситуацијата со Шајло е сосема безопасна, доколку некој од родителите не ја тера да прави нешто против нејзина желба.
movi_inc_splash_news.jpg
Џенер појаснува дека децата во тие години се збунети и вообичаено се однесуваат како нивните роднини кои се во близина, во случајов браќата и таткото на Шајло.
popsugar.jpg
Во ваквите случаи, децата многу често ја менуваат одлуката и почнуваат да се облекуваат согласно со полот, но тоа може и да не се случи, доколку тие се цврсто решени дека сакаат да бидат поинакви од она што се.
just_jared.jpg
Досега, на речиси секое појавување, можевме да ја видиме малата Шајло во машки костими, широки маички, капи, машки панталони и шапки како оние по кои нејзиниот татко е познат.
just_jared.jpg
По повод нејзиниот 11 – ти роденден, да се потсетиме на некои од нејзините најслатки стајлинзи.