Шанел и крстарење со стил

31 март 2015

1

Карл Лагерфелд и неговите девојки направија луксузно крстарење на реката Хадсон низ Њујорк. Имајќи предвид кој сè беше на бродот, несомнено е дека ова е едно од најстилските крстарења.

Кендал Џенер, Кара Делевињ, Џиџи и Бела Хадид, Хејли Болдвин и Лили Доналдсон комплетно уживаа во вечерта, а тоа го пренесуваа и преку социјалните мрежи, така што сите бевме запознаени со нивното гламурозно „излегување“.

7

Но, ова не беше само забава за миленичките на Карл Лагерфелд, па на крстарењето присуствуваа Кејти Пери и Крис Џенер. Пејачката се одлучи за андрогена комбинација, додека најпознатата мајка во шоу-бизнисот одлучи крзеното палто да биде нејзиниот избор. Меѓу гостите беше и Емили Ратајковски, Пети Смит, а Парис Хилтон беше задолжена за музиката.

21

22

18

Во продолжение погледнете ги фотографиите што се појавија на социјалните мрежи:

Објавено:
31 март 2015
Категорија: 
Сцена