Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби атракција на премиерата на „Bombshell“ во Лос Анџелес

12 декември 2019

Моќното трио – актерките Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби кои ги толкуваат главните улоги во драмата „Bombshell", вчера со специјална премиера во Лос Анџелес ја започнаа својата промотивна турнеја за филмот.

Како главни ѕвезди на вечерта, целото внимание беше свртено кон нив и неизбежно се коментираше како беа стилизирани.

Фото: Getty images

Па во тој контекст, секоја беше стилска приказна за себе, достојна на својот личен сензибилитет.
Шарлиз ја покажа својата совршена фигура во провокативен фустан со длабоко деколте, креација на Диор. Никол се одлучи за авторитетен изглед во одело на Сен Лоран. Марго пак беше во романтично расположение во креација на Џамбатиста Вали.

Фото: Michael Buckner/Variety/Shutterstock

Интргантната тема која ja обработува вистинската приказна за падот на медиумскиот могул Роџер Ејлс поради скандалот за сексуално вознемирување во ТВ мрежата „Fox News", како и одличниот кастинг, му предвидуваат голем успех на филмот чија официјална светска премиера е закажана за 20. декември.

 

Објавено:
12 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
896 пати