Црно-белите комбинации се класика со која речиси и да не можете да направите модно промашување, но комбинацијата во која Шариз Терон се појави на еден настан во Лос Анџелес, само е потврда за тоа колку моќно може да изгледа ако умеете да ја носите.
Имено, актерката носи здолниште-панталони во црна нијанса, актуелно трендовско парче, а во комбинација со бела кошула во широк крој. „Диор“ е модната куќа која се потпишува зад овој изглед на Шариз, која го дополни со црвен кармин и кратки чизмички и изгледа фантастично!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Инаку, Шарил со својата добротворна организација го организираше прикажување на најновиот дел на филмот „Брзи и бесни“ во Лос Анџелес од кој е и самата дел.
Настанот е организиран со цел да се соберат средства за поддршка на нејзиниот проект „Стаор“ за помош во борбата против ХИВ/СИДА во нејзината родна Јужноафриканска република.
Така, освен Терон, на настанот присуствуваа многу нејзини колеги и други познати личности.
Погледнете:
View this post on Instagram
View this post on Instagram