Што јадат манекенките?

26 јуни 2013

На светскиот пазар наскоро ќе се најде книгата со рецепти „Model Kitchen”, во која ќе бидат објавени рецептите на светски славните модели. За потребите на овој прирачник, своите рецепти ги споделија голем број манекенки, меѓу кои се Карли Клос, Лили Доналдсон и Мила Јовович. Тие одбраа лесни јадења без јаглехидрати. Мила Јовович обожава да спрема лосос на жар, Карли Kлос од Mанго, а Лили Доналдсон салата од ракчиња.

Идејата за книгата со рецепти ја осмисли машкиот модел Цезар Касиер, кој бил воодушевен што книгата била објавена во Белгија, местото од каде што потекнува. Тој цела година собирал рецепти од неговите колешки, потоа направил анализа и 75 – те најдобри рецепти ги вклопил во една книга. Доколку сакате да знаете како славните модели ја одржуваат линијата, тогаш побарајте го овој прирачник.

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Сцена