Што никогаш не треба да им кажете на младите мајки?

9 август 2018

Веројатно не постои човек на светот кој не го знае семејството Кардашијан, па колку и да не ви се допаѓаат, мора да признаете дека тие се едни од највлијателните личности на денешницата.

Деновиве беше објавена кампањата на Калвин Клајн во која се појавуваат сите сестри Кардашијан – Џенер, а меѓу нив и Клое која во времето кога снимале била бремена.

По долги години борба со неплодност, конечно таа стана мајка на слатката Тру, која ја има заедно со нејзиното момче Тристан Томпсон.

На нејзиниот сајт деновиве таа објави искрен текст за тоа како се чувствувала кога се родила нејзината ќерка и како се соочила со притисоците од општеството поради тоа што не го доела своето бебе.

Во текстот таа објаснува дека поради тоа што немала доволно млеко, морала да се откаже од доењето и да продолжи со адаптирана формула.

Текстот таа го наслови како „Неколку работи што не треба да им ги кажете на младите мајки“, а во истиот смести што е она што ниту една мајка не сака да го слушне.

„Доењето е толку лична работа. Никогаш не знаете со какви приватни работи се соочува мајката и зошто одлучила да не го дои своето бебе. Ниогаш не знаете колку лошо се чувствуваат мајките поради тоа“, пишува таа.

Подеднакво лошо се чувствува и кога луѓето ја прашуваат како го родила бебето, дали природно или со царски рез.

Таа ги советува нејзините читатели никогаш да не го споменуваат спиењето како тема, бидејќи недостатокот на сон е вистинска тортура за мајките.

На шега, таа раскажува и за тоа како Тру е поблиска со нејзиниот татко и прави интересни гримаси и се смее, а со неа не сакала да прави ништо од тоа.

 

Објавено:
9 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
617 пати