За исклучително кратко време таа дефинитивно стана една од најобожуваните актерки во Холивуд и ИТ девојка која постојано освојува со нејзиниот стил.
Дваесет и петгодишната британска актерка Лили Џејмс ја толкува главната улога во култниот филм на Дизни „Пепелашка“ чија македонска премиера ќе се случи вечерва во киното Синеплекс во трговскиот центар Сити Мол.
Од неодамна, заедно со нејзиниот партнер од филмот, шармантниот принц Ричард Меден, го промовираат новиот филм на Дизни за кој критичарите ќе кажат дека е „убав, но сосема празен“.
Во истиот, преку солидната глума на Лили Џејмс како Ела, се праќа порака на девојките ширум светот дека тие можат да го пронајдат својот принц во кој би се заљубиле, но и дека особено е важно со труд и напорна работа да се пробијат низ светот.
На бројните премиерни прикажувања на кои таа се појавуваше заедно со останатите актери од екипата меѓу кои и прекрасната Кејт Бланшет која ја глуми лошата маќеа и Хелена Бонам Картер, британската актерка дефинитивно го „крадеше“ сето внимание.
Особено впечатлива беше на првото премиерно прикажување на „Пепелашка“ каде се појави во раскошна сребрена тоалета на Ели Сааб со минимална шминка и прекрасна фризура.
Одличните стајлинзи продолжија на следните прикажувања каде шармантната Лили ја видовме во фантастични креации на Валентино, Долче и Габана, неверојатно волуменозно здолниште на Диор во комбинација со бела блузичка, впечатлив црвен фустан и што уште не.
Во продолжение, погледнете ги сите одлични комбинации на неодоливата Лили и дел од костимите што таа имаше чест да ги носи во филмот.