Скарлет Јохансон е добитничка на почесниот Цезар

12 февруари 2014

Американската актерка и модел, Скарлет Јохансон е добитничка на почесниот Цезар, кој има слична репутација како и Оскарите. Наградата ќе и биде врачена на 39-то доделување на француските филмски награди во Париз. Организаторите објавија дека 29 годишната ѕвезда, која играше во филмовите на прочуени режисери како, браќата Коен, Брајан де Палма, Кристофер Нолан, Вуди Ален и други, почесниот Цезар ќе го добие како „голема меѓународна актерка“.

 

Годинешното доделување на наградите Цезар, како најзначајни француски филмски награди, ќе се одржи на 28-ми февруари во Париз, а домаќинка на церемонијата ќе биде актерката Сесил де Франс.

 

Објавено:
12 февруари 2014
Категорија: 
Сцена