Мили и Јулиен пред одредено време решиле да го откажат станот, да продадат сè што имаат и со два куфера и две деца да тргнат на пат околу светот.
Како што ќе кажат овие авантуристи, целта им била заедно како семејство да ги истражат убавините на различните земји и да ги научат нивните две дечиња кои се вистинските вредности.
Нивните две дечиња на возраст од една и три години на фотографиите изгледаат неверојатно среќно, а многу наскоро се очекува да им се придружи и петтиот член на нивното семејство.
Фотографиите од патувањата овие „фриленсери“ ги објавуваат на заедничкиот Инстаграм профил каде може да погледнете некои од најубавите места во светот што тие досега ги имаат посетено.
Во едно интервју на прашањето како се одлучиле на ваков потег со две мали деца младите родители ќе кажат:
„Проектот се роди како резултат на нашата желба да им покажеме на луѓето дека е можно да се патува низ светот и дека е достапно. Патувањата се прекрасни, а децата не се препрека. Не велиме дека не е тешко, но овие патувања ќе го збогатат вашиот живот на неверојатен начин. Преку нашиот пример сакаме да покажеме дека децата се најдобрите сопатници на возрасните – лесно се прилагодуваат на секоја ситуација и гледаат убавина во сè“, вели младиот брачен пар.
Погледнете дел од нивните неверојатни авантури со преслатките дечиња, а повеќе на нивниот Инстаграм профил.
Инфо: Bonjour.ba
Фото: Instagram