Среќен Роденден Оливија Палермо!

1 март 2014

 

Позната по својот шик урбан стил, инвентивниот начин на спојување модни парчиња, храброста во експериментирањето и поставувањето на трендовите, кралицата на уличната мода, Оливија Палермо денес слави 28 години. Модниот камелеон својот роденден го прослави вчера вечер на ревијата на Диор на Париската модна недела. Седејќи во првиот ред на сите модни перформанси во сите четири престолнини каде се одржуваа модните недели, Палермо уште еднаш покажа зошто спаѓа на листата омилени трендсетерки. Вистинска модна икона и репер за тоа како треба да изгледа една млада  стилска дама.

Објавено:
1 март 2014
Категорија: 
Сцена