Среќен роденден Шакира!

2 февруари 2023

На денешен ден 2 февруари пред точно 46 години е родена една од кралиците на латино музиката, Шакира. Колумбијката со неверојатно секси движења, е пејачка, текстописец, музички продуцент, танчерка и актерка.

Мултиталентираната Шакира, во последно време на медиумите им ја сервира пропадната врска со Пике преку низа песни и текстови, отворено порачувајќи му на фудбалерот дека многу пропуштил.

Уште кога за прв пат јавноста можеше да ја види, во раните 2000-ти, Шакира се појави со интересен рок стил, со огромна доза на сексапил, давајќи акцент на тонизираните стомачни мускули.

Со текот на годината како што еволуираше нејзината кариера, така се менуваше и стилот. Меѓу другото Шакира знае да внесе латино и елементи од блискиот исток во нејзиниот аутфит.

Таа промовираше и природност, заедно со нејзините незаборавни локни, кои одвреме навреме суптилно ја менуваа бојата.

Во последно време стајлингот на пејачката е повеќе еклектичен и на моменти тренди. Сепак кога станува збор за појавување на црвениот тепих, елеганцијата доаѓа во преден план.

 Фото: Pixabay

Објавено:
2 февруари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
272 пати
Тагови: 
Шакира роденден