Зендаја Мари Стоермер Колман е американска актерка и пејачка и моментално една од најголемите млади ѕвезди во Холивуд.
Уште како малечка започнува да се интересира за шоубизнисот и да покажува талент за глума, пеење и танцување.
Нејзината ретка убавина придонесува да стане модел уште како дете, а освен тоа членува и во танцувачка група.
Зендаја е родена на денешен ден 1996 година во Калифорнија, од татко со Нигериско и мајка со германско- шкотско потекло.
Таа е најмладата ѕвезда што освоила две Еми награди за најдобра женска актерка во драма. Покрај Еми Зендаја има добиено и Златен глобус.
Најголема популарност стекнува во 2017 година кога игра заедно со Том Холанд во филмот Spider-Man: Homecoming.
Зендаја од 2019-та е дел од актерската екипа што глуми во тинејџерската серија Euphoria.
Може слободно да се каже дека младата актерка е и модна икона. Има работено за Michael Kors, Dolce & Gabbana, а дизајнираше и колекција на чевли и облека наречена Daya.
Во 2018, стана амбасадор за Tommy Hilfiger, а соработуваше со модната куќа и на капсулната колекција Tommy x Zendaya.
Следната година станува моден амбасадор и на Lancôme, по што следува ангажман за Bulgari и Valentino, за во 2023 да стане амбасадор и за Louis Vuitton.
Од ноември 2021-ва Зендаја е во врска со колегата од Spider-Man Том Холанд.
Издвојуваме неколку прекрасни изданија на младата ѕвезда во чест на роденденот.
Фото: Pinterest