Импресивен црвен тепих го одбележа стартот на Канскиот филмски фестивал

15 мај 2024

Вчерашниот ден 14 мај го одбележа стартот на Канскиот филмски фестивал којшто важи за еден од најпрестижните во светот.

Фестивалот на којшто се очекува еклектичен микс од нови филмови ќе трае сè до 25 мај.

Годинава претседател на жири комисијата за главниот избор е актерката и продуцентка Грета Гервиг, која стои зад блокбастерот Барби.

Првиот црвен тепих ни донесе вистински гламур, токму како што прилега на настан од ваков калибар.

Од ветараните Мерил Стрип и Џејн Фонда, па сè до Хајди Клум и младата Ања Тејлор Џој, почетокот на оваа модно-филмска приказна ветува многу.

Црвениот тепих се одмота, а еве ги креациите што го одбележаа првиот ден.

Луј Витон

Еман Алајлан

Саид Кобејси

Гучи

Армани 

Сан Лоран

Диор

Зухаир Мурад

Диор

Атлеин

Фото: Getty/ Ap images

Објавено:
15 мај 2024
Категорија: 
Сцена