Стилот на Џенифер Лопез

27 мај 2013

Стилот на Лопез  особено на почетокот на кариерата не беше ни најмалку сјаен. Но денес плени со својата убавина и грациозност. „Кралицата на ритамот“ како што многумина ја нарекуваат стана дел и од жирито на Американски идол. Како почесен член на житито Лопез пленеше со секоја нејзина појава. Не изостануваа модни парчиња од светските брендови меѓу кои се штиклите на Лубутан, чанти од Џими Чу и Роберто Кавали,  џемпери од марката Роу и фустани од Викторија Бекам, Ланвин, Гучи, Мајкл Корс и креациите на Зухаир Мурад, во кои најчесто можеме да ја видиме за време на нејзините турнеи. Оваа стилска икона знае да практикува и кежуал и елегантен изглед, но секогаш дополнет со вистински избор на накит и аксесоари. Редовно ги прати новите модни трендови и нејзините модни парчиња изобилуваат во различни нијанси.

Џени од Бронкс дефинитивно знае како да привлече внимание и мораме да признаеме дека на 43 години изгледа прекрасно со совршени пропорции за една латино дива.

Објавено:
27 мај 2013
Категорија: 
Сцена