Уште само неколку недели и принцот Џорџ ќе добие братче или сестриче. Ова само уште една причина повеќе, да се потсетиме на стилот на Војвотката од Кембриџ за време на бременоста. Со оглед на тоа дека беше зима, во центарот на нејзините комбинации беа елегантните капути.
Секогаш со беспрекорен крој и минималистички стил, Кејт Мидлтон го задржа епитетот за една од најстилските британки. И додека сите ги интересира кој пол ќе биде детето, како ќе се вика и слично, модните медиуми се занимаваат со стилот на принцезата во изминатите месеци.
Токму затоа, во продолжение ви претставуваме неколку фотографии на кои се гледа како Кејт се менува во текот на бременоста, но секако и нејзиниот секогаш педантен стил. Погледнете:
Октомври 2014
Ноември 2014
Декември 2014
Јануари 2015
Февруари 2015
Март 2015