Стилска мама со лежерен скандинавски имиџ
•
26 мај 2017
Каролин Бломст е една од најпознатите скандинавски модни блогерки која од неодамна е мајка.
Новата животна улога само го потврди нејзиниот прецизно изграден стил базиран на скандинавската лежерност и ноншалантност.
Таа ужива во едноставни, минималистички и лежерни парчиња облека кои знае секогаш одлично да ги синхронизира, најчесто надополнети со некој впечатлив моден додаток.
Во симпатичен, урбан и лежерен фазон го облекува и нејзиното мало девојче Бамби, со што сега тие се една од најпребаруваните стилски двојки – мајка и ќерка, на социјалните мрежи.