Стилски погодок: Ева Лонгорија во блејзер-фустан со потпис на нејзината блиска пријателка Викторија Бекам

6 март 2023

Холивудската актерка Ева Лонгорија е една од највпечатливите гостинки на актуелната Модна недела во Париз.

Викендов присуствуваше на модното шоу на нејзината блиска пријателка Викторија Бекам, а за приликата очекувоно облече и нејзин дизајн.

И беше вистински стилски погодок.

На себе носеше блејзер-фустан на преклоп, во мастило сина боја, а го комбинираше со дезенирани хулахопки, што се покажа како ефективен стилски спој.

Фото: Ева Лонгорија Фан страна - Фејсбук

 

Објавено:
6 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.001 пати