Суки Ватерхаус во стилот на Брижит Бардо

25 декември 2013

 

Британскиот модел Суки Ватерхаус, лицето на новата женска едиција на парфемот Барбери Brit Rhytm, во јануари ќе се појави на насловната страна на списанието Elle Britain. Манекенката позираше на лондонските улици пред фотообјективот на Давид Василевиќ, а стилистката Ен-Мари Куртис, во Суки го отелотвори стилот на модната икона Брижит Бардо. Таа имаше волуменозна , разбушавена плава коса, нагласени очи и женствен изглед, кој беше прикажан преку елегантните комбинации на парчиња облека во пастелни бои и нијанси.

 

 

Покрај кариерата како модел, Суки може да се пофали и своите актерски способности и ангажмани. Наредната година ќе можеме да ја видиме во екранизацијата на романот Сесилија Ахем „Love, Rosie“, каде игра со Лили Колинс и Сем Клафлин.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Сцена