Свечено отворање на бутик на Барбери во Шангај

26 април 2014

Амбасадорките на Барбери Кара Делевињ, Суки Ватерхаус, Малаика Фирт и Матилда Лоутер се појавија заедно на црвениот килим, пред излегувањето на писта со музика од Палома Фејт. Пред почетокот на ревијата гостите беа сведоци на традиционален кинески танц, кој дополнително ја збогати програмата и тоа поради самата причина што девојките танцуваа со чадори во ритамот на песната „Singing in the rain“.

Палома Фејт Палома Фејт

По завршувањето на ревијата, следеше забавниот дел кој го најави самата Кара Делевињ која во стилот на Мери Попинс „полета“ со чадор и конфети, па ја најави забавата која следеше до раните утрински часови.

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Сцена