Српската модна блогерка, светски познатата Тамара Калиниќ, беше гостинка на ексклузивните модни ревии на познатите модни куќи во рамките на модните недели во Париз и Милано, а кои завршија неодамна.
Така имавме прилика во текот на неколку дена, да видиме цела лепеза на атрактивни модни комбинации што познатата блогерка ги носеше како гостинка на модните шоуа, меѓу публиката со светски познати имиња од шоу-бизнисот.
На фотографиите што таа паралелно ги објавуваше на својот Инстаграм профил, вниманието ни го привлекоа трендовските комбинации со потписот на Стела Мекартни, Џамбатиста Вали, Миу Миу, Луј Витон, Валентино, Изабел Марант... И секако интерпретирани на начин, што ја прави посебна.
Инаку, Калиниќ низ годините, успешно транзитираше од светот на фармацијата во модната индустрија и изгради профил во кој многумина препознаваат инспирација, мотивација, модна муза и дама со карактерен стил. Денеска, со своите 33 години, важи за една од најуспешните инфлуенсерки од Балканот во светот.