Тајните дневници на Мерилин Монро

29 септември 2013

Страници од дневници, приказни за оние кои биле дел од нејзиниот живот и многу повеќе за Мерилин Монро во документарниот филмски роман кој е една симбиоза на мисли, слики од безвременската дива на сите времиња.

 

 

Под името „Love, Marilyn“, во домот на Ли Стразберг, историскиот директор на „Actors Studio“ од Њујорк и учител на Мерилин се пронајдени, дневници, мисли, писма, поеми кои содржат едноставни зборови, за незаборавното постоење на дивата на која и беше судено да умре сама на 36 годишна возраст, откако направи целиот свет да се заљуби во нејзината насмевка, неверојатниот актерски талент, позирањето и пеењето.

 

 

„Love, Marilyn“,е исто така и насловот на документарецот во режија на Лиз Гарбус, кој после промоцијата на филмскиот фестивал во Торонто, ќе биде прикажан во италијанските кина од 30 септември па се 2 октомври, а после од 9 октомври издавачката куќа Feltrinelli ќе изработи и домашно видео за широка дистрибуција. Филмот е поткрепен со вистински факти, ликови, кои биле блиски не само со Мерилин туку и со Лоренс Оливие, Стразберг и Артур Милер, сведоштва за нејзниот живот, збогатен со толкувања од актуелни актери како Адриен Броди, Труман Капоти, Џереми Пивен и сл. Сите во чест на толку обожаваната актерка со вистинско име Норма Џин! Филмот содржи различни архивски снимки, претставување на различни лица и темпераменти на актерки кои се појавуваат од време на време како Глен Глоус, Ума Турман, Мариса Томеи и Линдзи Лохан кои се обидуваат да го доловат светот и на животот на Мерилин.

 

 

Филмот следи одреден концепт по кој се раскажува животот на Мерилин почнувајќи од нејзиното несреќно детство, креирајќи еден бизарен автопортрет на Монро, потоа се префрла на нејзината кариера како модел, правејќи совршена паралела со многу љубови и бракови, надоврзани со „озборувањата“ за познатата изведба на песната „Среќен Роденден Претседателе“, посветена на тогашниот Претседател на Америка, Кенеди. Приказната како се приближува кон крајот се повеќе „тоне“, со оглед на фактот дека тука е раскажано и за нејзините зависности од алкохол, дрога, пилули кои беа фатални и ја доведоа до самоубиство.

Заробена во „гнасниот“ свет на шоу бизнисот, со својата шармантна насмевка, оригиналност во изведбите и статус на ѕвезда засекогаш ќе остане запаметена како една од најпопуларните и најсаканите личности која уште многу години ќе блеска и ќе биде вечен пример на многу млади и надежни таленти.

Објавено:
29 септември 2013
Категорија: 
Сцена