После турнирот, во рамки на Вимблдон традиционално се организира свечената вечера на која присуствуваат победниците и специјално поканети гости. Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс се годинешните победници на овој престижен турнир, а Серена ја покажа својата нежна страна.
Многу внимание привлекоа коментарите на авторката Џоан Роалинг (Хари Потер) која будно го коментираше стилот на тенисерката.
После победата таа напиша: „Ја сакам! Каков спортист, пример и каква жена!“, Роулинг имаше само зборови за пофалба.
Но, на сметка на Серена имаше различни коментари, меѓу кои и дека изгледа како маж.
На тоа авторката застана во одбрана на тенисерката, презентирајќи фотографии на кои таа носи тесен, црвен фустан, што ја следи линијата на нејзиното тело, проследено со коментарот: „ Да, и мојот сопруг изгледа исто вака во фустан. Ти си идиот!, реплицирајќи му на авторот на претходниот коментар.
На вечерата пак, во долг фустан, во боја на праска, тенисерката ја истакна својата фигура и уште еднаш покажа дека знае да биде и женствена и елегантна, а не само спортски настроена, каква што ја гледаме на теренот.
Новак Ѓоковиќ пак, пристигна во присуство на својата сопруга Јелена, која носеше долга, лелеава креација со цветен принт од модната куќа Александар Меквин.
На вечерата присуствуваа и Борис Бекер, дел од тимот на Ѓоковиќ, тенисерката Марион Бартоли, која се одлучи за тоалета во сребрени нијанси.
Она што особено го привлече вниманието на медиумите е танцот на победниците на Вимблдон. Новак и Серена релаксирано покажаа што знаат, а танцот на осојувачите е само уште една од традициите на овој турнир, кој се организира уште од 1877 година.
Погледнете: