Пред два дена конечно излезе официјалниот трејлер за новиот филм на режисерот на оскаровскиот „King’s Speech“, Том Хупер – „Девојката од Данска“ со Еди Редмејн во главната улога.
Иако воопшто не се сомневавме, оскаровецот Редмејн уште еднаш покажува дека е брилијантен актер кој може одлично да се снајде во секоја улога.
Овојпат, станува збор за приказната инспирирана од првата жена трансексуалец Лили Елбе, која Редмејн ја олицетворува на навистина посебен начин.
Покрај него, во филмот глуми и новата холивудска надеж, актерката Алиша Викандер која веќе е прогласена за модна икона на новото време.
Инаку, операциите со кои Лили стана жена предизвикаа поделени мислења во светот. Сценариото на филмот е според истоимениот роман, инаку бестселер на Дејвид Еберсхоф, а за филмот го прилагоди сценаристката Лусинда Конокс.
Филмот во кината ширум светот стигнува во февруари 2016, а дотогаш, погледнете го исклучителниот трејлер.