Три моќни жени на насловната на Гламур

7 април 2015

Сара Џесика Паркер, Мишел Обама и Кери Вашингтон заедно се фотографираа за насловната страна на мајскиот број на магазинот Гламур.

Ова друштво на моќни жени, не е случаен избор, бидејќи покрај тоа што се фотографираа заедно, дамите дискутираа и на значајни општествени и политички теми, како на пример за значајната улога на жените во униформи, односно жените во армијата и ветераните.

Трите дами, секоја во својата професионална бранша, се познати како влијателни и моќни жени, пример за останатите и токму таа е појдовната точка во изборот на уредничкиот тим за личности за новата насловница на Гламур.

Облечени се елегантно, во фустани и здолништа во светли нијанси, со суптилна доза на гламур адаптирана наамбиентот  во кој се фотографирани.

Објавено:
7 април 2015
Категорија: 
Сцена