•
15 јануари 2020
Познатиот модел Кендис Сванпул неодамна беше дел од берлинската модна недела, но како гостин. Имено, таа сакаше да им оддаде почит и поддршка на талентите од Јужна Африка, нејзината родна земја.
Но, секако ги привлече погледите на присутните, појавувајќи се во креација која совршено ги изразува облините и создава визуелен впечаток дека сте повитки.
Како што можете да видите и од фотографијата, таа носи тесен црн фустан, што ја следи линијата на телото, кој пак на рабовите има бел паспул, кој создава оптичка илузија и интересен облик кај деколтето.
Така, ако сакате да „избришете“ некој килограм, барем визуелно, послужете се со овој трик.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram